
500 000 дози вакцини за болеста овча сипаница се очекува да пристигнат деновиве како донација од Р. Турција. Спореед официјалниот план и под контрола на АХВ, пред да се применат вакцините, задолжително ќе бидат лаборатириски испитани за безбедност и чистота, а вакцинирањето ќе започне по потврдувањето на резултатите. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и АХВ ја информираа јавноста дека континуирано ја следи епидемиолошката состојба и ги предупредуваат сточарите дека самостојното набавување и применување вакцини, на сопствен трошок и без претходно одобрение од Агенцијата, е спротивно на пропишаните правила и ќе биде санкционирано согласно важечките прописи. Неконтролираната примена на вакцини може да го отежни следењето на епидемиолошката состојба, да влијае врз ефикасноста на мерките за сузбивање на болеста и да создаде дополнителен ризик за ширење на болеста. Поради тоа, вакцинацијата може да се спроведува исклучиво од страна на овластени ветеринарни служба.
Системот за рано откривање и спречување на ширењето на болеста се спроведува преку ветеринарните друштва со кои АХВ има склучено договори. При сомнителен случај, ветеринарите земаат примероци од животните и ги испраќаат на лабораториско испитување.
Доколку се потврди дека животните се заразени, АХВ веднаш ги определува потребните мерки за спречување на ширењето на болеста, кои може да вклучуваат и убивање на заразените животни и нивно безбедно отстранување согласно утврдените процедури.
Ева Тушевска, М-Нет