40 годишен кочанчанец почина од коронавирус

Жител на Кочани почина од коронавирус, потврди за mnet.mk градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

-„Се работи за младо лице од 40 години. Тоа беше првиот случај кој беше инфициран и утрово пред 8 часов добив повик од неговото семејство дека лицето починало. Ова е тажна вест за семејството, но и за градот Кочани. Потвврдено е дека имал тешкотии и минатата недела е пренесено во болница во Штип, па на Инфективната клиника во Скопје, каде состојбата му се влошила. Семејството на починатиот е во изолација, а општината ќе помогне да се организира погребот.“ изјави градоначалникот Николчо Илијев.

Во Кочани досега беа откриени вкупно 14 позитивни од коронавирус.