Повторно семејно насилство во Штипско

37-годишна жена од село Пaрналија, Општина Карбинци пријавила во СВР Штип дека во петокот околу 08,00 часот во с.Прналија дошол нејзиниот сопруг С.Н. со возило, насилно ја внел во возилото па заминале кон село Јонузлија, по што физички ја нападнал. Од СВР Штип информираат дека работат на расчистување на случајот.