37-годишен пробиштипјанец е починатиот во вчерашната незгода, СВР Штип со информации

Две починати лица за само два дена од новата година во близина на Штип. За вчерашната сообраќајна незгода кај Три чешми полицијата излезе со информации. 37 годишен сопатник во пантичкото моторно возило го изгубило животот при судирот на автомобил со автобус.

„Синоќа околу 19:30 часот кај клучка Штип на магистралниот пат Три чешми – Кочани се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило со пробиштипски регистерски ознаки управувано од возач на 37 годишна возраст од Пробиштип и автобус со беровски регистерски ознаки управуван од 42 годишен возач од Пехчево. Во незгодата од здобиените повреди починал сопатникот во патничкот моторно возило „опел астра“ на возраст од 37 години, додека возачот на возилото се здобил со повреди констатирани во Клиничка болница Штип.“ – вели Панајотова.

Од СВР Штип апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни особено покрај празниците, со цел да се избегнат сообраќајните незгоди кои завршуваат со жртви.

„СВР Штип апелира дека ќе продолжи со засилените акциски контроли. Апелираме сите учесници во сообраајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да се придржуваат кон условите и сосотојбата на патиштата, да не седнуваат зад воланот доколку консумираат алкохол и да ја почитуваат брзината на движење“ – додава Панајоова.

Претходната сообраќајна незгода беше ден претходно кога возач враќајќи се во риквец прегази двајца совозачи.

Лаура Стојанова М-Нет