Денес излегоа на прес конференција од СДСМ Штип. Од таму посочуваат дека градоначалникот Иван Јорданов ја префрлува соспствената вина на други . Од СДСМ бараат одговири на веќе поставените прашања од Јорданов.

„Иван Јорданов покажува во континуитет дека е шампион во подметнување кукавички јајца и префрлување на сопствената вина врз други. Овој пат неповикан се обиде да го бара виновникот за мега криминалот тежок 18 милиони денари насекаде, но не и таму кајшто е најочигледно односно помеѓу неговите најблиски соработници. Згора на се, тој лажно се претставува како подносител на кривичната пријава, иако фактите кажуваат нешто сосема друго. Почитувани, Симптоматично е што пријавата е проширена со новоосомничени после стапување на должност на новиот технички началник на СВР Штип. Затоа инсистираме институциите да го расветлат случајов во целост , без обиди на новонезначените за заташкување и разводенување. За крај, на Иван Јорданов не му проаѓаат финтите за замајување на јавноста.“ – вели Стојчевски
Градоначалникот Јорданов во денешната изјава потенцираше дека како ќе се ближат изборите, така СДСМ ќе излегува со лаги и манипулации и ќе бара виновник во нивните исмислици

„Очекувам да излезат со обвинение против градоначалникот на Штип дека е виновем можеби затоа што врне дожд или дува ветер. Очекувам да се занимаваат пред изборно со вакви манипулации и измислици. Јас ќе им порачам дека тие се партијата која што ќе бидат запишани на црните страници од историјата. Затоа што се партија која што нанесува зло на Штип, на Македонија. Очекувано е од нив пред изборно да ја замајуваат македонската и штипската јавност. Јас ќе продолжам секојдневно да реализирам проекти и да работам, за на крај кога ќе завршат сите овие активност ќе останат проектите и работата и по тоа ќе компарираме. На крај граѓаните ќе ценат кој колку работи, а не кој што кажал и успеал да ја изманипулира јавноста“ – изјави градоначалникот Јораднов