32-годишник од Каменица шест месеци следел и психички малтретирал девојка со која претходно бил во љубовна врска

фото: архива

Надворешната канцеларија за криминалистички работи поднесе кривична пријава против И.Г.(32) од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Пријавениот, во последните шест месеци следел и на друг начин психички малтретирал девојка со која претходно бил во љубовна врска.