Нападнат пред неговите малолетни деца, Мемхмед Усинов од Берово сведочи за инцидентот кој пред два дена се случи кај Мирјанина црква. Вели дека пред голема толпа народ и мали деца бил нападнат со камења со што се здобил со видливи повреди по неговото тело.

„Колку бесмилосно, колку без чувства. Покрај мене имаше малолетно дете мојот син, мали деца други. Јас сум цел искаменован, ме истепаа со камења“ – вели Усинов.
Дециден е дека знае дел од напаѓачите и додава дека според него нападот е претходно испланиран во точно време, во точен момент.
„Сцениран напад, во точно време кога немаме струја. Во точен момент. Ме маваа со камења се тоа беше страшно.“ – додава Усинов.
За инцидентот се запознаени вели сите институции и очекува во периодот кој следи да се преземат соодтвени мерки за негово решавање.
Настанот го имаше и во билтенот на СВР Штип. На 12.05.2024 во 17.02 часот во СВР Штип е пријавено дека во близина на манастирот „Св.Недела“ во Штип бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе лица. Според пријавеното, околу 17.00 часот, Б.Р., М.Р. и Н.Р., државјани на Република Србија со привремен престој во Радовиш, поради нарушени меѓучовечки односи со М.У.(45) од Берово, по претходни закани, го нападнале со тврди предмети – известија во текот на вчерашниот ден од полицијата.
Марија Спасова М Нет