Се работи под земја и се решава проблемот со водоснабдувањето во Штип – ЈП Исар со низа активности

Активностите во населбата Баби продолжуваат и понатаму со цел да се реши долгогодишниот проблем за овдешните жители. Со линија 1 тие нема да бидат први на удар во текот на летниот период и при секој настанат дефект да останат без вода за пиење. Во меѓувреме во завршна фаза е замената на водоводната и канализациона мрежа на улицата Широк Дол и во наредниот период се очекува да започне асфалтирање на улицата.

„Првата локација на која работиме е во населбата Баби – проект за директно поврзување со Линија 1 на населбата Баби. Со ова нова линија населба Баби директно ќе биде поврзана со водоснабдување на главната линија 1. Дополнително како Јавно претпријатие работиме на реконструкција, односно целосна замена на водоводната и канализациона мрежа на улицата Широк Дол.“ – вели Зајков.

Освен активности на ЈП Исар, на терен се реазлизираат и проекти на општината, со цел да се завршат работите под земја и да се започне со активности видливи за граѓани, но и проблеми кои трајно ќе бидат решени. Директорот Зајков истака дека во моментот има населби кои се оставени без вода за пиење, ама повика на трпение со цел да се стави крај на проблемите кои се стари, а се поврзани со водоснабдувањето во градот.

„ Она што во текот на овој ден се врши е приклучување на веќе изведената нова линија на улицата 11 Октомври. Тоа е проект кој го работи Општина Штип во соработка со ЈП Исар. Се надеваме дека во текот на денот ќе завршат сите активности“ – додава Зајков.

Во меѓувреме тековно работат и екипите на Паркови и Зеленило. Активности има во централното градско подрачје, Дузлак, корито на река Отиња, булевар Партизанска, разделно зеленило булевар Партизанска до старо нервно.

Лаура Стојанова, М-Нет