28 сертифицирани лица може да пружат услуги во рамки на правото за лична асистенција

12 негуватели и 16 лични асистенти се на располагање на лицата со попреченост и старите и изнемоштени лица. Толку заинтересирани ги поминале обуките на Црвен крст Штип, каде се обучуваат и сертифицираат лични асистенти за лица со попреченост и негуватели за стари и изнемоштени лица. Меѓутоа, интересот и понатаму продолжува имајќи предвид дека во моментов вкупно 23 лица ги следат двете обуки.

Изјава 2141 од 00:01 (во моментот) до 00:27 (лица) лепено од 01:06 (во програмата) до 01:21 (кандидати), Деспина Димитровска, в.д. секретар на Црвен крст Штип

„Во моментот во Црвен крст Штип се реализираат две обуки: обука за личен асистент на лица со попреченост и обука за негувател на стари и изнемоштени лица. Како целна група корисници на овие услуги во личната асистенција се телесните инвалиди и целосно слепите лица. Додека, пак, во втората обука целна група се старите и изнемоштени лица. Во програмата за негувател на стари и изнемоштени лица има вкупно 12 кандидати, а во обуката за личен асистент има вкупно 11 кандидати“, истакна Деспина Димитровска, в.д. секретар на Црвен крст Штип.

Обуките се состојат од практична и теоретска настава во времетраење од 200 наставни часа. Преку практични часови со засегнатите целни групи за корисници на услугите и внимателен наставен пристап, кандидатите се ставаат „во кожа“ на потенцијалните користици и се запознаваат со тешкотиите и пречките со кои тие секојдневно се соочуваат. Иако бројот на сертифицирани негуватели и лични асистенти не е голем, сепак ги задоволува потребите.

„Во моментот Црвен крст Штип има сертифицирано 12 негуватели и 16 лични асистенти. Тоа е број којшто може барем за момент да ги задоволи потребите на овие корисници коишто имаат потреба од овој вид услуга. Меѓутоа, ние работиме активно на овие програми, па ќе продолжиме и понатаму да ги реализираме овие обуки“, додава Димитровска.

Лицата со телесен инвалидитет и старите и изнемоштени лица за ваквите услуги може да се обратат во Центарот за социјална работа во Штип, каде ќе добијат детални информации околу остварувањето на правото за лична асистенција. Програмата за лична асистенција е верификувана од страна на Центарот за образование на возрасните, а Црвен крст е верифувана организација од страна на Министерството за образование и наука за спроведување на програмата.

Ребека Спасова М-Нет