25 годишник од с. Црвулево лишен од слобода поради сомнение за извршени 22 кривични дела

Лишено од слободна е 25 годишно лице, поради постоење на сомнение за извршени 22 кривични дела, тешки кражби во куќи во село Црвулево, дел самостојно дел со придружба, информираат од Секторот за внатрешни работи Штип. Од октомври минатата година до почетокот на јануари годинава биле извршени кривичните дела.

„По преземени мерки и дејствија и претходно добиени оператвни сознанија, од страна на полициски службеници  од СВР Штип на 18.01.2021 e лишен од слобода П.И.(25) од с.Црвулево, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на 22 кривични дела „тешка кражба“ од куќи и работни машини во с.Црвулево, општина Карбинци.

Осомничениот П.И. во периодот од месец октомври 2020 до јануари 2021 на подрачјето на с.Црвулево, сам извршил 11 кривични дела „тешка кражба“, додека останатите 11 кривични дела ги изршил заедно со О.А.(27) од с.Аргулица, насилно влегувајќи во куќи од каде одземале најразлични предмети, работни машини и алати.

Дел од предметите се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. Се работи на целосно комплетирање на кривично правните настани, по што против П.И. и О.А. до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.“ – изјави Панајотова.