
Страшен пожар утринава ги разбуди граѓаните кои живеат во близина на трговскиот центар во Општина Штип. Огнот и чадот во и така дотрајаните куќички овде предизвикаа страв кај граѓаните, бидејќи за миг се стави во опасност и нивниот живот.
На лице место веднаш интервенираа од Територијална противпожарна единица Штип.
„Имавме дојава од граѓани за пожар во станбен објект, излеговме веднаш со две возила, потоа ја вклучивме и цистерната и на лице место бевме со 9 пожарникари. Нема повредени, зафатен е долниот дел односно подрумските простории и долниот спрат, а горниот дел успеавме да го заштитиме“, истакана Атанасов.
Пожарот ги изгоре домовите на повеќе семејства и сега во зима истите остануваа на улица. Градоначалникот на Општина Штип на лице место на несреќата истакна дека и покрај немашето ингеренции од етички карактер ќе работи на можност за помош на овие лица.
Станува збор за запалена стара куќа, и внатрешноста на истата каде што се појавил пожарот е тотално изгорена, со покуќнината, алиштата и останатите предмети на луѓето кои живеат овде. Точната штета ќе се знае откако екипите ќе можат да влезат и да ја утврдат истата. Ѕидовите кои се натопени со вода носат можност за дополнителна опасност односно од паѓање на таванот. Зафатен е само долниот дел, но големата количина на ѓубре го отежнуваше гаснењето на пожарот.
Лаура Стојанова М-Нет