22 лица во Штип, побарале помош во КБ, поради повреди предизвикани од снегот

Снегот која ја зафати територијата на нашата држава, а беше најавен недела дена претходно создаде вистинска снежна идила. Не изоставен беше и Источниот дел од државата. Снежни коловозни ленти, покриени бели тротоари и патеки беше сликата во претходните два дена па и денес во Општина Штип. Додека најмалите уживаа во снегот, возачите па и пешаците мака мачеа да пристигнат до посакуваната дестинација.

Градоначалникот на Општина Штип, Николов, по вчерашната објава на социјалната мрежа фејсбук се пофали дека екипите од ЈП „Исар“ и ЈП „Стипион“ се на терен од кога снегот почна да создава снежна покривка и дека интезивно се работи на расчистување на патиштата и тротоарите. На новинарско прашање тој го потврди напишаното.

Но, колку навистина тоа е така. Коловозните ленти во централното градско подрачје беа овозможени за возење, по тротоарите имаше направено патека за минување и толку. Поплаките од штипјани, кои не се наоѓаат односно не живеат во централното градско пподраќје сведочат дека во периферните дела и селата во штипско снегот сеуште не е исчистен.  Во изминатите два дена на ниво на Општина Штип 22 лица побарале помош во Клиничката болница Штип, поради повреди предизвикани од лизгање и паѓање по снегот, информираше потпаролот на Клиничка болница Штип, Шуманска. Ризикот е голем, опасноста исто така, температурите минусни, па не останува ништо освен да бидеме внимателни.

Лаура Стојанова М-Нет