
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.В.(33) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“. На 18.10.2020 во Македонска Каменица, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „ауди“, управувано од А.К., во кое сопатник бил В.В., при што кај В.В. биле пронајдени марихуана и дробилка, а во возилото В.В. на А.К. му овозможил користење на марихуана.