Прволигашот Силекс се засили со Мартин Талаков

Прволигашот Силекс од Кратово го промовираше Мартин Талаков како најново засилување кое доаѓа од редовите на второлигашот Работнички.

Се работи за 23-годишен играч кој настапува во средниот ред и на крилните позиции во нападот. Низ неговата кариера настапуваше за Брера, Борец, Македонија ЃП и Работнички на домашната сцена, а меѓународна кариера градеше во Словачка.

Талаков е поранешен младински репрезентативец на Македонија кои ги има поминато сите младински категории.

Силекс сезоната ја отвори со убедлива победа над Башкими, а потоа ремизираше со Шкендија Арачиново. Викендот Силекс ќе игра против Скопје на домашен терен.

Александар Ванев, М-Нет