
Неспособноста на надлежните во Општина Штип, за справување со најавениот снег, снежната покривка формирана по улиците и тротоарите во Општина Штип наиде на критики од страна на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Од таму обвинуваат дека со сомнителна и стара соларка од 20 години за која се потрошени 40 илјади евр, дел од граѓаните во Штип сеуште се заробени поради неисчистените улици и тротоари во градод под Исарот.
„Несомнено, не сте информирани за состојбата во јавните претпријатија! Вашиот претходник, од џебот на граѓаните набави сомнителна соларка, која е амортизирана и стара 20 години, но платена во износ од 40.000 евра. Меѓу другото, очигледно не знаете дека потрошени се и дополнителни 750.000 денари за индустриска сол, за која прашање е дали и каде се употреби?
Истите требаше да „се најдат“ во вакви неприлики, но и после 48 часа излезе на површина слабиот менаџерски капацитет на Локалната самоуправа и Јавните претпријатија. Некои од граѓаните сеуште се заробени поради неисчистени улици и тротоари, а заради ниските температури допрва ќе сведочиме на останатите несреќи“ – беше дел од изјавата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
Според ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, залудни се сликите и објавите на градоначалникот Николов на социјалната мрежа фејсбук како се работи на терен, бидејќи на таков начин не се решава ваков сериозен проблем.
Лаура Стојанова М-Нет