
Силен пожар вчера изби во населбата Света Недела, каде што гореле сува трева и грмушки. Пожарот бил пријавен околу 19 часот, по што на терен веднаш интервенирала Противпожарната единица. Во гаснењето учествувале 10 пожарникари од Територијалната противпожарна единица – Штип со три противпожарни возила. Интервенцијата била отежната поради непроодниот терен, но пожарникарите успеале да го локализираат огнот и да спречат негово ширење кон куќите.
Пожарот целосно бил изгаснат во 21:30 часот. Благодарение на навремената интервенција, огнената стихија не стигнала до блиските куќи, а била спречена и понатамошна опасност за жителите и нивниот имот.
Ева Тушевска, М-Нет