
Според билтенот на МВР во Штип биле физички нападнати две жени, во два одвоени случаи.
Денеска (25.05.2025) во 02.52 часот во СВР Штип 33-годишна жена пријавила дека на бензинска пумпа во Штип била физички нападната од нејзиниот партнер Е.Ј.(34) од с.Конче, радовишко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.05.2025 во 17.30 часот во СВР Штип Џ.Е.(20) од Р.Турција, а со престој во Штип, пријавила дека околу 16.50 часот во продажен објект во Штип била физички нападната од Н.Ш.(женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.