Приведен 68-годишник од Свети Николе, физички ја нападнал и се заканувал на поранешната сопруга

На 24.05.2025 во 14.00 часот во светиниколско село полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода Д.М.(68) од Свети Николе, по претходна пријава дека околу 12.30 часот во нејзиниот дом физички ја нападнал неговата 56-годишна поранешна сопруга и со остар предмет и упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.