
18 милиони денари пари од општинскиот Буџет ќе се прелеат на сметка на ЈП Исар. За оваа точка која беше на дневен ред на итна седницата на советот на Општина Штип, зелено светло дадоа советниците од мнозинството. Сметката на претпријатието е одблокирана, а од СДСМ прашуваат за каков долг истата беше блокирана.
„Колкав е тој долг, за кој велите дека е направена спогодба и за кој порано кажавте дека ќе се побара да се плаќа на рати?“ – прашаа од СДСМ.
Јорданов истакна дека да бил само овој долг претпријатието можеби и немало да биде во толку тешка ситуација како денешната. Дополнителни обврски го оставиле на самото дно.
„Овој долг сам по себе не е проблем доколку немаме дополнителни обврски од останати несервисирани долгови, како што е например обврската кон вработените заради неисплатени К-15. Сега ни се случува од сметката на претпријатието присилно да бидат наплатени камењата украсни кои ги ставаа некои претходни директори“ – одговори Јорданов.
По ова следуваше и ретроспектива за тоа како работело претпријатието во изминатите 20 години од страна на коориднаторката на советничка група на СДСМ и коалицијата. Во расправата се најдоа и вработувањата кои се тема на дискусија овој период. Кој, кога, како вработувал, колку пари се трошеле и како претпријатието заврши во ваква ситуација денеска. Во периодот кој следи претпријатието ќе добива пари од опшштината за извршување на тековните обврски, додека за долгот кон ЕВН секој месец ќе се оздвојуваат пари од претпријатието по три милиони денари.
Лаура Стојанова М-Нет