
Тротоарно решение, поставување столпчиња, намалување на времетраењето на паркирањето се само дел од можните решенија со кои се предвидува намалување на гужвата во центарот на Штип. Паркираните возила на тротоари, по коловози се дел од причините поради кои секојдневно пристигнуваат реакции од страна на граѓаните. Директорот на ЈП „Стипион“ е свесен за состојбата, и вели интезивно се работи на изнаоѓање решение. Конкретно за улицата позади ОУ Ванчо Прќе за каде последно пристигнаа реакции од страна на граѓаните вели дека најверојтано овде ќе се работи на тротоарско решение.
„Свесни сме за постоењето на проблемот со пракирањето на повеќе места во градот. Ние работиме на решение. Конкретно за ситуацијата кај ОУ Ванчо Прќе во моментот размислуваме дали ќе се реши проблемот со целосно ново тротоарско решение или во меѓувреме ќе се постават столпчиња, за да не може возилата да се паркираат.“ – вели Стефановски.
Стлпчиња се поставија кај местото викано Промаја, како и кај Домот за култура со цел граѓаните да не паркираат на тротоарите и да има простор за движење на пешаците. Според директорот Стефановски истите даваат резултат, а позитивни се и реакциите од граѓаните додава.
„Нашето искуство вели дека столпчињата даваат резултат и реакциите на граѓаните се релатовно добро“ – додава Стефановски.
За паркирани возила на коловозот реагираа и жителите од улицата позади штипската гимназија. Претходно реакции имаше и од жители од населбата Осми ноември. На располагање во Штип има околу 750 паркинг места, но како што вели Стефановски голема е потребата од изградба на катни гаражи за да се надмине метежот и гужвата во ценатрот на градот.
Лаура Стојанова М-Нет