Низа проекти во Кочани во градежната сезона, почетокот го означија Папазов и Мицкоски

Означен стартот на градежните активности на улицата Браќа Ставреви во Кочани како и завршувањето на проектот на канализационата мрежа во Тркање. Во Кочани денеска се најавија и уште два проекти, реконструкција на споемникот на слободата, како и реконструкција на водоводната мрежа во Оризари. Увид во градежните активности извршија градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Во тек се работите на замена на рамниците, поставување на тротоарската површина и во поседната фаза ќе следи гребење и обновување на коловозната лента. Во исто време денеска сакаме да го обележиме и завршувањето на еден проект со кој се решава децениски проблем на граѓаните од село Тркање, завршувањето на казализационата мрежа – терцијална и изградба на колектор од околу три километри, со што ова населено место се поврзува со пречистителната станица во Мојанци.“ – вели Папазов.

Мицкоски во оваа прилика истакна дека е убеден дека бранот на реализирани проекти ќе продолжи во предиот кој следи. Она што им е потребно на граѓаните во Кочани, но и она што стои како предизборно ветување на актуелниот градоначалник ќе биде релаизирао.

„Тука се кажаа проектите кои се тековни но и оние кои ќе бидат реализирани, би рекол во овој бран на реализација. И покрај предизивиците со кои се соочуваат градоначалниците јас ја користам приликата да им честитам на градоначалникот и советниците, како и на пратеникот Миле. Јас сум убеден дека бранот на реализација ќе продолжи и во наредниот период“ – вели Мицкоски.

Денеска во Кочани, градоначалникот најави и низа други проекти на кои ќе се работи во периодот кој следи со цел да се подобрат условите за живот на граѓаните во Кочани и околните населени места.

Лаура Стојанова М-Нет