
На подрачјето на СВР Штип во текот на изминатото деноноќие на 6 лица им се издадени Решенија за изолација, a 16 потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се 101 контрола над лица во изолација и 190 над лица во самоизолација.
Забраната за движење не ја почитувале 10 лица, 8 се приведени од нив 1 малолетник , на останатите им се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Поднесени се 13 кривични пријави по чл.206 од КЗ. Контролирани се вкупно 153 објекти.