КИТ-ГО донира за семејствата во социјален ризик

Општина Штип и Штабот за заштита и спасување доби донација, прехранбени продукти и средства за дезинфекција од општествено одговорната компанија КИТ-ГО.

Пакетите со овие продукти ќе бидат поделени на социјално загрозени семејства, по утврдени критериуми од општинските институции и центарот за социјални грижи во Штип.

„Компанијата КИТ-ГО донира прехранбени прозиводи и средства за дезинфекција во висина од над 140.000 денари што е за поздравување, сакам да ја изразам мојата благодарност до оваа компанија што покажала општествена одговорност во овие тешки времиња кога реално на граѓаните им е потребна секаква поддршка и помош.

Овие 300 пакети коишто ги добивме од компанијата КИТ-ГО ќе ги донираме на социјално загрозените семејства,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Општина Штип апелира до секоја компанија и секој граѓанин коишто се во можност во овие тешки времиња да донираат со што ќе им се излезе во пресрет на граѓаните.