
Со интонирање на химната на Македонија, народна музика, рецитал и положување свежо цвеќе, беше одбележана 123-годишнината од смртта на револуционерот Гоце Делчев пред неговиот споменик во дворот на Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Оддавајќи почит кон неговото дело, од универзитетот порачаа дека Делчев не бил само симбол на борбата за слобода, туку и визионер кој ја истакнувал улогата на знаењето, културата и соработката меѓу народите како темел на развојот.
,,Денес со гордост и почит го одбележуваме ликот и делото на нашиот патрон Гоце Делчев, кој што бил не само апостол на македонската слобода, туку за неговото време и визионер и хуманист, кој што со изјавата дека го разбира светот како поле на културен натпревар помеѓу народите во еден период на војни, создавање на нови нации, покажал дека наместо оружје мора да игра голема улога и знаењето и културата. И токму ние како универзитет, кој со гордост го носи неговото име се трудиме да биде достоинствени наследници, преку образованието, науката, развојот на културата и меѓународната соработка. Да ги следиме принципите на комунзимот, кој великонот ги има поставено.“, кажа Мираковски
На настанот присуствуваа претставници од македонското собрание, општината, граѓански здруженија, професори, студенти, средношколци и ученици, како и граѓани.
Гоце Делчев останува длабоко значајна историска личност за Штип, а универзитетот со гордост го носи неговото име.
Иван Митев, М-Нет