12 лица во самоизолација во М.Каменица

Дванаесет лица потврдиле дека се во самоизолација во Македонска Каменица, но се уште нема лица со решенија за карантин. Лицата се во самоизолација заради тоа што патувале во странство. Врз основа на заклучоците на Општинскиот кризен штаб на Македонска Каменица, се врши постојана дезинфекција на градските улици, јавните простори и урбаната опрема, дезинфецирани се влезовите во колективните станбени објекти, а се дели и бесплатно средство за дезинфекција за граѓаните од индивидуалните и колективните живеалишта.Дополни дека во соработка со текстилни фабрики од Македонска Каменица во тек е производството на заштитни маски за потребите на општината. Маските првично ќе бидат доделени на припадниците на МВР, Итните медицински екипи вклучително и матичните доктори со медицинскиот персонал во Здравствената станица „Гоце Делчев”. Исто така медицински заштитни маски, покрај комуналните работници и пожарникарите, ќе добијат и учениците од двете општински училишта, сите вработени, пензионерите, лицата со посебни потреби и социјално загрозените семејства на ниво на Општината. Во изминатиот период како заштита од заразата со КОВИД-19, надлежните целосно извршија дезинфекцијата на сите јавни локални и подрачни институции и канцеларии во општината.