
100 проценти уништена сливата во пијанечко-малешевскиот регион од мајскиот мраз.
Штетите се огромни, а сериозно е погодена и вишната.
Овоштарите стравуваат дека и тоа што останало е дополнително оштетено од последните ниски температури, кои ноќва повторно го погодиле регионот.
Со вложени илјадници евра до берба, овоштарите сега бараат обештетување од државата.
Од Делчево до Берово, велат, годинава нема ниту зрно слива
,,Некаде има штети дури до 100 проценти, за сливата зборувам, а на вишната 50 посто. Сега, последно синоќа имаше мразеви, не сме биле на теренот да видиме што и како, ама сигурно и тоа што останало е оштетено. Јас имам околу 25 хектари со вишна, слива и малку круша. Сливата е 100 проценти уништена, вишната беше нешто останало, ќе видиме денес, ќе отидам сега за два часа на терен да видам, да огрее убаво сонцето, подобро се познава. Имам од 15 до 20 000 евра улогања до берба и сега ако не не обештетат барем трошковите, не знам што ќе правиме. Oд Делчево до Берово слива никаде ниту зрно нема. Oваа година ќе биде тешка и тоа многу.“, кажа Ангеловски
Вакви случаи досега немале, додаваат овоштарите од делчевско. Велат дека никакви препарати и димења со чад, нема да го спречат мразот.
,,Тоа нема врска, тоа само е лажна надеж. Од мраз ништо не може да спаси. Јас гледам и по штипско-лакавичко има некои машини турски и се пуштани димови и штетите се 100 посто.“, додава Ангеловски
Покрај во пијанечко-малеевскиот регион, штети кај овоштарите има и во штипско-лакавиќкиот регион, а според разговорите со овдешните овоштари, штети има и во тиквешијата и во западниот дел од државата. Како што сите јасно истакнаа, ќе бараат обештетувања со цел да се надмине ваквата состојба.
Иван Митев, М-Нет