
Предлогот за овозможување употреба на физичка сила од страна на наставниците врз немирните ученици во Данска предизвика поделени мислења кај Штипјани. Додека едни се противат на ваквиот пристап и сметаат дека не смее да се применува физичка сила врз децата, други го прифаќаат и изразуваат желба слични мерки што поскоро да се воведат и во македонското образование, со цел поголема дисциплина, концентрација на учениците и непречено одвивање на наставата.
Штипјани сметаат дека за справување со темпераментните деца се потребни соодветен пристап и психолошка поддршка, при што клучна улога имаат родителите, наставниците и училишните психолози.
Дел од Штипјани посочуваат дека во минатото физичкото казнување било присутно во
училиштата и сметаат дека тогаш имало поголема дисциплина. Останува да се види дали Данска ќе ги спроведе најавените промени и дали слични мерки некогаш би се примениле и во македонското образование
Ева Тушевска, М-Нет