Ќе се реактивира депонијата во виничко Лески, Кочани и околните општини три дена не собираат смет

Полни контејнерите со ѓубре во централното градско подрачје во Кочани, бидејќи трет ден по ред истото не се депонира на градската депонија. Заради протестите, од КЈП Водовод Кочани ги известија граѓаните дека нема да го собираат сметот, а полни контејнери ѓубре е и сликата во центарот на градот. Градоначалниот, Љупчо Папазов, истакна дека на ваков начин со блокади само се отежнува рабоотата на претпријатието, а потоа ќе е потребен долг временски период додека целото ѓубре да се скалдира на самата депонија.

„Нашето ѓубре останува на територијата на градското подрачје. Не сме во состојба да го пласираме и со овој протест само ни ја отежнуваат работата. Ѓубрето кое ќе остане овие три дена ќе треба потоа еден месец да се фати континуитет за да се реши и да се складира на самата депонија.“ – вели Папазов.

Слична е ситуацијата и во останатите соседни општини, од каде ѓубрето де депонираше на градската депонија во Кочани. Општините Чешиново – Облешево, Зрновци и Виница исто така не го собираат сметот од домаќинствата бидејќи немаат каде да го депонираат. Општина Виница утре на совет ќе бара реактивирање на депонијата кај село Лески.

„Приморани сме да бараме од Советот за да ја реактивираме веќе затворената депонија кај село Лески. Доколку проодолжи блокадата ние мораме да го собираме и депонираме отпадот, бидејќи ако стое по улиците може да доведе до заразни болести“ – вели Спасовски.

Градоначалниот на Кочани посочи дека единствен излез од вака настаната ситуација е изградбата на депонијата во Свети Николе. На тој начин ќе се реши проблемот со депониите.

„Изградбата на регионалната депонија е решение за сите 18 општини. Изградбата ќе доведе до процес на затворање на сите овие депонии, кои се наоѓаат на територија на нашата општина.“ – вели Папазов.

Во меѓувреме распишан е меѓународниот тендер за изградбата на првата регионална депонија во близина на светиниколско Мечкуевци.

Лаура Стојанова М-Нет