
Започнаа активностите кај некогашната стра капија на КБ Штип, на улицата Љубен Иванов. Во периодот кој следи предвидено е да се направи нов потпорен ѕид, нови паркинг места и асфалтирање на сите улици околу болницата. За овие активности во прва фаза се издвоени еден милион денари, и уште четири милиони денари за втора фаза односно асфалтирање на улиците во кругот на болницата.
„Веднаш до некогашната стара капија на КБ Штип, овде се започнати активности за поставување на нов потпорен ѕид, уредување на пристапот и овозможување на еден нов пристап до КБ Штип. Со ова се овозможуваат и повеќе паркинг места. Веќе во втора фаза е планирано целосно асфалтирање на сите улици во кругот на болницата.“ – вели Јорданов.
Ова ќе биде посебен експресен влез за Брзата помош, вели директорот Владко Захариев. Посочува дека со овие активности ќе се подобрат условите за пациентите од Штип, но и цел регион.
„Се работи на подобрување на пристапноста на услугите кои треба да ги нудиме на граѓаните. Ова ќе биде посебен експресен влез. Со тоа ќе ги подобриме услугите кон граѓаните“ – вели Захариев.
Со овие активности на терен се работи на подобрување на услугите и на пациентите, но и на населението кое живее во близина на КБ Штип.
Лаура Стојанова М-Нет