
Дали и годинава ќе се замине на сезонска работа во Хрватска, Италија или Германија, со надежта дека таму ќе се заработи повеќе, за подобар живот и добар одмор? Повозрасните граѓани на терен категорични, младите се почесто заминуваат, а покрај селата, пополека се празнат и градовите . Анкетираните велат, не затоа што сакаат да си заминат, туку затоа што овде тешко се живее, оти трудот не се вреднува доволно од страна на газдите. Секое лето истата слика, куфери, разделби и надеж дека некаде надвор ќе биде подобро. И оваа сезона истото прашање, ќе се оди ли пак на сезонска работа?
Повозраснте граѓани велат оти, многумина млади одлучуваат по заминувањето, да не се враќаат овде, бидејќи како што додаваат, таму има ред и поинаков систем.
Како што додаваат граѓаните, со помош на сезонската работа, многумина си обезбедуваат средства најчесто за да си направат убава свадба, да си обезбедат подобар живот за семејствата, како и да си купат автомобил или да си го решат своето станбено прашање.
Иван Митев, М-Нет