
Започнаа активностите за уредување на просторот кој води кон Света недела во Штип. Нов парк, зелен појас, уредено место со урбана опрема и целосно осветлување ќе добијат овдешните жители. Дополнително на ова се предвидува и ново повеќенаменско спортско игралиште, истакна градоначалникот Јорданов денеска од лице место.
„Овде се започнуваат активности за уредување на една зелена површина која е предвидена согласно програмата на УНДП во вредност од пет милиони денари. Во рамки на паркот кој е предвиден да се уреди овде е предвидено да се постави урбана опрема, зелен појас, но се предвидува и повеќенаменско спортско игралиште, целосно осветлување.“ – вели Јорданов.
Дополнително ќе се постават и полициски службеници кои ќе го обезбедуваат местото 24 часа, по барање на жителите. Ова следува бидејќи просторот кај Мирјанина црква е постојано мета на дивоградби, сеча на дрва и слично додаде Јорданов.
„Со меките мерки е предвидено ангажирање на лица од месното население кои ќе бидат задолжени да се грижат за оваа површина, за чистење на истата и за уредување. Со промените кои ќе случат во МВР ќе наидеме на едно заедничко решение за поголема контрола на овој дел од градот.“ – додава Јорданов.
Како ќе изгледа површината зависи од месното населени посочи Јорданов, бидејќи тие ќе го користат просторот и тие треба да го чуваат истиот.
Лаура Стојанова М-Нет