Ќе има ли стабилен буџет ракометниот суперлигаш Радовиш?

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет

Ракометниот клуб Радовиш по само една сезона се врати во ракометната елита на Македонија и веќе одигра еден натпревар на домашен терен против екипата на Охрид од 1. коло на Суперлигата.

Но, во текот на летниот период односно од моментот кога Радовиш го совлада Еурофарм Пелистер 2 во баражот и се врати во Суперлигата се отвори едно сериозно прашање, а тоа е финансиите, односно буџетот на клубот.

Радовиш има проблеми со финансии и со стабилноста во буџетот, за што потврди и Станко Манчевски, советник за спорт и култура на градоначалникот на општина Радовиш во гостувањето во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија, кој додава дека работат на тоа час поскоро РК Радовиш да има сигурен и стабилен буџетот.

Манчевски вели дека се надеваат дека ќе се стабилизира ситуацијата со ракометниот клуб Радовиш, но додава дека ситуацијата е лоша.

Во рамки на 2. коло екипата на Радовиш ќе гостува во Автокоманда кај екипата на Радовиш, во меч каде домаќинот е апсолутен фаворит за трите бодови.

Александар Ванев, М-Нет