КУП: Еден меч во четвртфиналето, два натпревари во полуфиналето, за финалето ќе има ВАР!

ФОТО: Александар Ванев | Телевизија М Нет

Во новата сезона од фудбалскиот Куп на Македонија до полуфиналето ќе се игра по еден натпревар односно се игра по еднострук Куп-систем, додека пак во полуфиналето се играат по два натпрвари односно дома – гости или двострук Куп-систем.

Тоа ќе значи дека сите фази од Купот на Македонија од полуфиналето ќе бидат со елиминација во еден натпревар.

Финалниот меч го организира Фудбалската федерација на Макеонија, а за местото датумот и времето на одигрување одлучува Управниот одбор на ФФМ. При носење на судиски одлуки во спорни ситуации главнито судија на финалниот Куп натпревар ќе се служи со ВАР технологија.

На финалниот Куп натпревар главниот, помошниците и четвртиот судија треба да има и ВАР лиценце за терен. Со одлука на УО на ФФМ може да се делегира и петти судија (помошен) со ВАР лиценца за терен.

Во женска конкуренција сите фази од Купот се играат со по еден меч односно едностурк Куп-систем. Местото и датумот за финалето го одредува ФФМ, но овде нема да има ВАР.

Во случај на нерешен резултат ќе се игра продолжение од двапати по 15 минути, а ако и во продолжението нема победник, тогаш се поминува кон изведување на пенали за добивање на победник.

Во машка конкуренција Купот го освои Тиквеш, а во женска конкуренција тоа беше екипата на Љуботен.

Александар Ванев, М-Нет