
Сообраќајна несреќа доживеале тренерот и двајца фудбалери од ФК”Башкими,, од Куманово, за среќа поминале без тешки телесни повреди. Автомобилот излетал од коловозот и се превртел во близина на влезот во Куманово. Според првичните информации влажниот коловоз и дождот биле причина возилото да се преврте и излета од коловозот. Трите лица патувале на редовен тренинг.

Од страна на клубот посакаа брзо опоравување и повторно враќање во клубот.
Лаура Стојанова, М-Нет