
Откако Основен суд Штип го прифати барањето на вработените претставувани од ССМ за поткренување на претходна постапка за утврдување на условите за понатамошна стечајна постапка за штипска Баргала, од менаџментот на Баргала истакнаа дека до рочиштето платите на вработените ќе бидат исплатени.
„Кажувам дека платата за април месец е исплатена, во оваа следна работна недела ќе биде испалтена и платата за месец мај и се надевам дека до одржување на рочиштето закажано од страна на стечајниот Судија дека ќе ја исплатиме и платата за месец септември 2020 година и се надеваме дека нивното барање нема да биде прифатено.“ – истакна Наум Барзов, Менаџер на АД Баргала.

Барзов истакна дека непознавањето на позитивните законски норми во државата придонело да дел од работниците во некогаш најголемата фабрика за чевли да добијат отказ. Тоа се должи на недоаѓањето на работа додека производствениот процес продолжува.
Моментално во АД Баргала на своите работни места се околу 140 до 150 вработени, кои проидонесуваат да не дојде до застој во производствениот процес. Целиот разговор со Менаџерот на АД Баргла, Наум Барзов може да го проследите на крајот од вестите.
Лаура Стојанова М-Нет