
Денеска во Општина Штип работеше само салата Јордан Мијалков, за лицата кои имаат закажано ревакцина со „Астра зенека„. Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ како и теренската вакцинација продолжуваат од понеделник. Топлото време и летните одмори не ги спречуваат најголем дел од граѓаните да се појават во вакциналниот пункт за втора доза вакцина. До крајот на месецов во салата Јорадан Мијалков ќе се врши ревакцината.
Теренската вакцинација која започна во понеделникот според надлежните медицински лица е задоволителна и има одзив од граѓаните за вакцинирање. Со крајот на наредната недела е предвидено да бидат посетени сите села и рурални средини во Штип и Карбинци.
Од понеделник започнува и вакцинација на деца над 12 години. Во Штип пријавени се 38 пациенти кои треба да се боцкааат со вакцината на Фајзер.
„За сега се пријавени околу 38 деца над 16 годишна возраст за вакцинација во Штип“ – истакна Миланова.
Во салата Јордан Мијалков во Штип како и во здравствениот дом Панче Караѓозов досега се имунизирани околу 25 илјади граѓани, а поголемиот дел од нив имаат примено и втора доза вакцина. Доктор Миланова посочи дека зголемен е одзивот и од вакциналните пунктови во регионот кои подигаат вакцини од вакциналниот пункт во Штип.
Според информации од Министерството за здравство вакцинацијата во државата се одвива не пречено, а воедно таа е единствениот спас во борбата со невидливиот непријател.
Лаура Стојанова М-Нет