
Уште една бурна ноќ за пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Кочани. Во текот на вчерашниот ден од попладневните часови повторно гореше кочанското поле, од запалени стрништа.
„Во текот на вчерашниот ден после 17 часот добивме дојава за запалени стрништа во Општина Чешиново – Обелшево, кај местото Чифлик. Од таа страна појдено е на повеќе локации, прошрен со помош на ветерот. Тоа се стрништа, после жетвата остатоци кои ги палат земјоделците и пожарот се шири на повеќе локации. Ние интервениравме со 6 возила и 11 пожарникари, а помош побаравме од Виница со едно возило и двајца пожарникари“ – истакна Благој Паунов, командир на ТППЕ Кочани.
Сликата со пожарите добила поголеми размери откако се запалило и возило кое минувало по патот и во кое се наоѓало четиричлено семејство.
Дополнителна опасност претсавувала близината на бензиска пумпа кај село Облешево, а уште еден пожар е регистриран и во текот на ноќта.
Ситуацијата со запалени стрништа во кочанско е постојана и честа појава. Паунов вели дека апелите се исти, но земјоделците не ги практикуваат па се доведува во ситуација од запален земјоделски остаток да дојде до штета од поголеми размери.
Лаура Стојанова М-Нет