Ќерими ќе им суди на Вардар Неготино и Осогово, Василевски главен во Прилеп

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Утре започнува пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од првото пролетно коло.

Бењамин Ќерими ќе им суди на Вардар Неготино и Осогово, Ангел Ристов ќе ја дели правдата на мечот меѓу Вардарски и Скопје во Богданци. Главен судија на мечот меѓу Каменица Саса и Кожуф кој се игра во Турново ќе биде Александар Грујоски, Ивана Пројковски ќе ја дели правдата на мечот меѓу Новаци и Детонит Плачковица.

Пларент Салихи ќе биде главен арбитар на мечот меѓу Башкими и Борец, додека пак Фатмир Бафто ќе биде главен судија во Струмица каде ќе се соочат Беласица и Арсими.

Натпреварите од првото пролетно коло на Втората македонска фудбалска лига се играат утре со почеток од 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет