
Викендот ќе се одиграат натпреварите од 12. коло на Втората футсал лига на Македонија. Лидерот Мал Ајакс во Штип ќе го пречека Кораб од Дебар во дербито на колото, меч кој се игра утре со почеток од 18 часот.
Дерби на две екипи кои претенрираат за влез во Првата футсал лига, штипјани засега одлично чекорат кон таа цел, а доколку и утре забележат триумф тогаш ќе направат сериозен исчекор кон Првата лига.
Каршиака на домашен терен ја очекува израмнет и неизвесен меч со ланскиот прволигаш Овче Поле од Свети Николе, каде победата е императив и за двете страни. Овче Поле има отворени амбиции за враќање во Првата лига, но против Каршиака ќе има навистина тешка задача, бидејќи и овој тим од втор план се наметна во борбата за местата кои водат кон Прва лига.
Енхалон на домашен терен го очекува тежок меч против Балкан, тим кој сака влез во Првата лига, а за таа цел ангажира и неколку квалитетни играчи, но во претходното коло загуби, а сега ќе мора да се враќа на победите.
Во недела ССК Скопје на домашен терен ќе го пречека тимот на Кратово, каде двете екипи ќе барaат победи после поразите во претходното коло. Победа во Прилеп ќе се соочи со тимот на Партизан Југ од Брвеница.
Колото ќе се затвори во понеделник со мечот меѓу Конзули и Карадаку, меч кој ќе се одигра во Демир Хисар.
Александар Ванев, М-Нет