
Традиционално и годинава лозарите го извршија обредното закројување на лозите за празникот Св. Трифун во Штип. Со посипување црвено вино и света вода на лозанките, утринава граѓаните го одбележаа празникот во народот познат како Трипун, кој се смета за нивен заштитиник . Обичајот се прави за да лозјата бидат заштитени од секакви непогоди и бидат благословени со многу рожба во предстојната година.
И не само што се пррави обичај, денеска лозарите прават гозба, пеат, се веселат и достојно го чествуваат цел ден самиот празник
Во традициите се јавува и како Свети Трипун Зарезан, затоа што тогаш за првпат во новата година лозарите влегуваат во лозјата и започнуваат со кроењето на лозата, односно со подготовката за новата берба. Симболично на денот на Свети Трифун се закројува барем една лозница. Од Свети Трифун започнува и топењето на снегот, попуштањето на мразот.
Иван Митев, М-Нет