
Продолжува неизвесноста кога е во прашање освојувањето на титулата во Првата женска фудбалска лига. Актуелниот шампион и лидер Љуботен како и второпласираната Каменица Саса ќе водат тесна борба до крајот за освојување на титулата во домашното првенство.
Љуботен е на врвот од табелата со 50 бодови, а пак Каменица Саса е втора со 49 бодови на своето конто. А веќе во следното 20. коло овие две екипи ќе се соочат меѓусебно во Тетово и многу веројатно е дека и овој натпревар може да го одлучи шампионот.
На третото место е Ас Јунајтед со 39 бодови, Тиверија е на 4. мест со 38 бодови. На петтото место е Скопје со 26 бодови, но и меч помалку, Истатов е шести со 18 бодови, Шкендија е седма со 16 бодови, но и меч помалку, Цевитана е осма со 13 бодови, на деветтото место во бараж зоната е Топ Гол од Битола со 11 бодови, а на дното во зоната за директно испаѓање е Речица со 10 бодови.
Неизвесноста продолжува и понатаму во Втората женска фудбалска лига меѓу лидерот Атлетико и второпласираниот Вардар за директен влез во Првата лига.
Атлетико во првото соочување славеше со 2:0 над Вардар, па второто соочување ќе го даде и шампионот во Втората лига, бидејќи и немаат конкуренција од останатите екипи. Атлетико е прв со 30 бодови, Вардар е втор со 27 бодови, на делба на третото место се Кочани и Плачковица со по 16 бодови, Билјанини Извори е на 5. место со 12 бодови. Борец е шести со седум бодови, Порече е седми со шест бодови, а на дното е Победа со четири бодови.
Александар Ванев М-Нет