
Изминатиот викенд на програмата беа натпреварите од 19. коло од Втората футсал лига на Македонија, а во истото екипата на Мал Ајакс од Штип на гостувањето во Брвеница славеше над Партизан со 4:5.
Јувентус Серава ја забележа највисоката победа од 10:1 над Енхалон од Струга, Каршиака дома загуби од Балкан со 3:5, СЕЕ Университи на домашен терен го доби ССК со 4:3, лидерот Проект беше пресилен во дерби со Кораб со 7:3.
Два натпревари не се одиграа. Кратово требаше да игра против Шкендија која е на дисциплинска комисија, а пак натпреварот во Прилеп меѓу Победа и „фенерџијата“ Конзули од Битола не се одигра, откако битолчани по чекање од 30 минути не се појавија на теренот, па овој натпревар ќе биде регистриран со службен резултат за Победа.
Проект е лидер со 51 бод на своето конто, Кораб е втор со 44 бодови, а пак Јувентус Серава е трет со 43 бодови, но и меч помалку. Штипски Мал Ајакс е на деветтото место со 22 бодови.
Александар Ванев, М-Нет