КУП: Качевски ќе им суди на Шкупи и Тиквеш, Ѓоргиев на Воска Спорт и Македонија ЃП

ФОТО: Телевизија М Нет

Денес ќе биде одигран првиот натпревар од полуфинале од Купот на Македонија меѓу Шкупи и Тиквеш, а пак утре ќе се соочат Воска Спорт и Македонија ЃП.

Веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на првите полуфинални натпервари.

Јован Качевски од Струга ќе биде главен судија на Чаир каде ќе се соочат Шкупи и Тиквеш. Негови помошници ќе бидат Слаѓан Маркоски од Гостивар и Климент Ристоски од Струга. Четврт судија на Чаир ќе биде Александар Грујоски од Скопје.

Утре на „Билјанини Извори“ во Охрид ќе се соочат Воска Спорт и Македонија ЃП во првиот полуфинален меч. Главен судија ќе биде штипјанецот Крумислав Ѓоргиев, негови помошници ќе бидат Кристијан Џонов од Штип и Мартин Петковски од Куманово. За четврт судија е делегиран Ндерим Тефику од Куманово.

Натпреварите ќе започнат во 15 часот.

Реваншите се закажани за 17. април и ќе бидат одиграни исто така во 15 часот.

Александар Ванев, М-Нет