Јулиа Тарабунова е нова директорка на СРЦ „25 Мај“ во Радовиш

Директорка промена во СРЦ „25 Мај“, нов директор на „ЈПССО Радовиш 2014“ е Јулиа Тарабунова, која доаѓа на местото на досегашната директорка Лолита Арсова, која ја превзема директорката позиција во ЈП „Плаваја“ во Радовиш.

Тарабунова неколку години активно е вклучена во спортски активности, а од денес го превзема и менаџирањето со спортските објекти во склоп на „ЈПССО Радовиш 2014“, меѓу кои и СРЦ „25 Мај“.

СРЦ „25 Мај“ е еден од поголемите спортски храмови граден во времето на поранешна Југославија, пуштен во функција 1985 година, со капацитет околу 2000 во големата сала и околу 160 седишта во малата сала за боречки спортови.

СРЦ „25 Мај“ беше реконструирана пред околу половина година, со што конечно овој спортски храм доби под по сите современи европски прописи и нови трибини, па тука се одржуваа повеќе големи спортски настани како финале од футсал Купот на Македонија, Ф4 завршната од женскиот ракомет на Македонија, одбојкарскиот Куп на Македонија во машка и женска конкуренција, како и повеќе други спортски настани од национален карактер.