
Во новата сезона во Трета лига – Исток ќе се натпреваруваат 12 екипи, две повеќе од минатата сезона, а нови членови се Рудар од Пробиштип и Победа од Валандово.
Од Трета лига – Исток минатата сезона во Втора лига влезе Слога Виница, но испадна експресно Вардарски од Богданци.
Во новата сезона ќе се натпреваруваат Брегалница Делчево, Хоризонт Турново, Овче Поле, Карбинци, Дојранско Езеро, Светлост Зрновци, Малеш, Ударник, Тиверија, Рудар, Победа Валандово и Вардарски.
Новата сезона треба да започне на 7 септември.
Александар Ванев, М-Нет