Андреј Симевски е нов играч на ГФК Охрид Лихнидос

Андреј Симевски е нов играч на ГФК Охрид Лихнидос. Тој ги покрива позициите од делот на нападот и доаѓа од редовите на Каменица Саса каде што изминатата сезона постигна 15 голови и беше еден од водечките стрелци на првенството а притоа со своите одлични настапи беше дел од идеалниот тим на втората македонска фудбалска лига. Андреј низ својата кариера покрај Каменица Саса има настапувано за екипите на Пехчево, Малеш, Слога, Беласица и Черноморец Бургас. Ова е трето засилување на охридскиот второлигаш.