
Штип за првпат во историја даде огромна поддршка на претходниот прадоначалник, со што Иван Јорданов го доби својот втор мандат. Вети многу работа во наредните четири години, одговорност кон граѓаните, додавајќи дека Штип ќе продолжи да се модернизира и развива.
ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За твоја Македонија го добија и мнозинството во Советот на Општина Штип. Од 23 советника, 16 освои ВМРО ДПМНЕ, четири советника се на СДСМ, двајца на Левица и еден на ЗНАМ.
„За првпат се случува да една локална власт добие поддршка од граѓаните на избори. Ова е огромна одговорност што како Локална власт имаме, но и огромен легимитет од граѓаните да продолжи Штип, да се модернизира, да се развива и да биде центар на Македонија. Морам да истакнам и да се заблагодарам на сите наши сограѓани кои ја дадоа оваа безрезервна поддршка, овие избори беа референдумски затоа што околу 80% од волјата на гласачите е практично дадената поддршка“ – вели Јорданов.
ВМРО ДПМНЕ победи и во Општина Карбинци, каде втор мандат доби и Виктор Паунов. И таму ВМРО Дпмне го доби мнозинството во советот, односно има седум советника наспроти двајца од СДСМ.
Во прв круг во Општините од Истокот, градоначалник се избра и во Берово, Делчево и Пехчево.
Во Општина Делчево победи Иван Гоцевски од ВМРО ДПМНЕ, со што по осум години градоначалник од СДСМ се промени партија во Делчево. Слична е ситуацијата и во Берово, каде победи Петар Ружински, додека во Пехчево нов мандат доби стариот градоначалник Александар Китански.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет