
Скап пазарот на првиот октомвриски петок во Штип. Пиперката и понатаму најбарана за правење зимница и салата. Граѓаните децидни – се купува само најпотребното, а за останатото се прави пресметка. Дел од купувачи ја разбираат маката на земјоделците, па едноставно велат добро е. Иако скапо, се купуваше од се по нешто, но количината зависи од тоа колку има во паричникот.
Производителка од село Владевци вели дека во денешно време ништо не е исплатливо, народот е без пари, а производителот тешко опстанува со цените по кои ги продава производите.
Иако пензионерите вчера се почестија со месечното примање, сепак послабо ги полнеа торбите во споредба со претходните недели, посочувајќи дека денешниот пазар им бил еден од најскапите.
Ева Тушевска, М-Нет