Инциденти на последниот „Марш за ангелите“ во Кочани, родителите револтирани бараат правда

Со инциденти помина последниот „Марш за ангелите“ во Кочани. Родителите на загинатите деца од пожарот во дискотеката Пулс, револтирани откако забележаа дека поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, седи во угостителски објект со сегашниот кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, доктор Владко Грозданов. Побараа одговори на нивни прашања.

Од трговскиот центар семејствата се упатија кон полициската станица во Кочани. И таму побараа одговори на прашања и правда за нивните деца, но и беше посочено дека се треба да се праша по писмен пат.

Марш за ангелите во Кочани се органзиира секоја сабота. Семесјтвата на починатите деца од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани со фотографии, транспаренти и прашања, бараат правда за нивните деца.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет