
Нагло расте побарувачката на јајца во пресрет на празникот Велигден во Штип, граѓаните активно ги полнат кошничките. Дел се одлучуваат за поевтините од продавниците, каде табла чини околу 300 денари, додека други сепак избираат домашни, по цена од околу 15 денари за зрно. Повозрасните велат дека јајца за Велигден се купуваат навреме и внимателно, бидејќи празникот има посебна тежина. Тие додаваат дека најчесто избираат помали јајца, кои според нив се поквалитетни и не пукаат при варење. И покрај разликите во цените, традицијата и квалитетот остануваат пресудни при изборот.
Кога е во прашње изборот, едни велат подобри се оние од продавница, додека други децидни домашните, кои често се среќаваат на пазарот во Штип. Важно е ќе речат истите да се свежи, за да издржат подолго.
Инаку, цената на јајцата во периодот од лани до сега доживеа раст и пад. Само при крај на есента се среќаваа и за 360 денари, како што сведочат штипјани. За среќа сега цената е помала, па граѓаните ќе можат да обебедат за предстојните празници.
Иван Митев, М-Нет